Vrabotuvanje.com - Утринско поскапување на нафтата и пченицата
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Утринско поскапување на нафтата и пченицата

Ново изненадување на ранливите пазари

Утринско поскапување на нафтата и пченицата

Нафтениот пазар од утрово бележи раст на цените. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 105 долари за барел, што е прилично промена во однос на вчерашниот ден кога цената на барелот изнесуваше само 100 долари. Цената на барел нафта на американскиот пазар е 100 долари.

Пред околу еден месец, барел вредеше и до 130 долари. Цената тогаш падна на околу 120 долари и непрекинато е во минус во последните десет дена, па се до денес.

Биткоинот утрово 40.000 долари

Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено. Вредноста на биткоинот е 40.121 долар, што е мала промена во однос на вчера. Во црно се и другите криптовалути.

Цена на пченица и пченка

Цената на пченицата расте. Цената на пченицата е 1.103 долари за тон, што е зголемување за околу 2 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 776 долари за тон, што е исто така пораст од околу 2% во однос на вчера.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде