Vrabotuvanje.com - Први отворени денови во Мајорел Скопје - За сите оние што зборуваат германски и англиски јазик
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Први отворени денови во Мајорел Скопје - За сите оние што зборуваат германски и англиски јазик

Среда, 20 април - Мајорел Скопје ги отвара своите врати за сите оние што го зборуваат германскиот јазик и притоа имаат добро познавање и од англиски јазик!

Први отворени денови во Мајорел Скопје - За сите оние што зборуваат германски и англиски јазик
Majorel, глобален водечки контакт центар, со 69.000 вработени и претставништва во над 35 земји во светот започна со работа во Македонија. 
 
За нивното искуство со првите вработувања на кадар од Македонија, од менаџментот на компанијата велат:
 
Тоа што ни е особено важно во врска со кандидатите од Македонија е тоа што добар дел од младата популација течно зборува германски и други европски јазици. Дополнително, во иднина планираме да ангажираме луѓе кои течно зборуваат јазици како албански и турски.

Стани и ТИ дел од тимот - Мајорел Скопје ги отвара своите врати за сите оние што го зборуваат германскиот јазик и притоа имаат добро познавање и од англиски јазик!

Доколку зборуваш германски и англиски јазик и си во потрага по меѓународно работно искуство, запознај го тимот на Мајорел во среда (20.04.2022) од 12 до 16 часот во нивните простории во центарот на Скопје!

HR тимот на Мајорел ќе ве прошета низ нивните ултра-модерни канцеларии и ќе те запознае со компанијата.

Во Мајорел веруваме дека е важно да им се овозможи на луѓето да растат и да се развиваат како индивидуи. Не само што ја наградуваме оригиналноста, туку и ја поттикнуваме креативноста и им ја даваме на нашите луѓе слободата да бидат свои. Токму овој пристап е отелотворен и во нашите заеднички вредности: креативност, извонредност и почит. Мотивирани од нашите луѓе! - велат од компанијата.
Majorel Enters North Macedonia in Skopje - Majorel

Бенефиции кои ги нуди Majorel:

  • Програми за кариерен развој и тренинзи
  • План за приватно здравствено осигурување
  • Програми за благосостојба (спортски и други настани)
  • Флексибилен распоред и договори за полно и скратено работно време (после помината full time обука)
  • Компетитивни плати и бонуси на база на перформанс
  • Интернационална и мултикултурна работна средина
  • Бонус за добредојде
  • Бонус за препорака
  • Платена обука
  • Просторија за игри и релаксација во компанијата

Ти звучи примамливо?

Доколку и ТИ сакаш да станеш дел од нашиот растечкки тим во Мајорел во Скопје, посети нѐ оваа среда на нашите први Отворени денови и увери се зошто Majorel е вистинскиот избор за тебе! Повеќе информации на официјалниот настан на компанијата на ЛИНКОТ
 

 

Во моментов Мајорел вработува Агент за корисничка поддршка - германски јазик - АПЛИЦИРАЈТЕ!

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде