Vrabotuvanje.com - Преку богата бонусна и бенефициска програма, до 900 задоволни вработени - Како е да се работи во Жито Маркети?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Преку богата бонусна и бенефициска програма, до 900 задоволни вработени - Како е да се работи во Жито Маркети?

Да се биде дел од тимот на Жито Маркети значи да се работи за работодавач кој се грижи за своите вработени и нивната благосостојба

Преку богата бонусна и бенефициска програма, до 900 задоволни вработени - Како е да се работи во Жито Маркети?

Жито Маркети е семејна компанија основана во 1988 година. Денес, компанијата “Жито” располага со 60 маркети низ Македонија и има преку 900 вработени. Со над 30 години успешна работа, „Жито“ е препознатлив бренд во својата област, а ова го докажуваат и многубројните признанија (најдобар трговски објект за 2010 и 2017год., Superbrands 2015/2016, International Best Brand 2015).

Да се биде дел од тимот на Жито Маркети значи да се работи за работодавач кој се грижи за своите вработени и нивната благосостојба

 

Не случајно долгите години успешна работа резултираат со константен раст на компанијата и проширување на тимот, па денес Жито има тим од над 900 вработени од цела Македонија. Тимот на Жито постојано работи на креирање и унапредување на бенефициските и бонусните програми за своите вработени. 

Што Жито им нуди на своите вработени?

Бонусна програма на Жито Маркети опфаќа финансиски буџет кој го поседува секој супемаркет, а секој вработен добива бонус во зависност од учиникот за тековниот месец. Исто така раководителите добиваат дополнителни финансиски стимулации и квартални бонуси.

Жито е една од ретките компании од оваа дејност кои имаат и Програма за лојални вработени која опфаќа:

  • обезбедено приватно здравствено осигурување за сите лојални вработени 
  • одбележување на родендени со пригодни подароци за секое дете на вработен до 5 годишна возраст
  • на месечно ниво до 1 година за секое дете на вработен се обезбедуваат најнеопходните потребни работи како пелени и влажни марамици
  • одбележување роденден со пригоден подарок за секој вработен
  • пакет производи за најголемите верски празници
  • вредносен ваучер за склучување брак 
  • дополнителна финансиска стимулација за сите вработени кои се над 10 години во компанијата
  • животни полиси за менаџерите
  • исплата на к15 повисок од пропишаниот

Од компанијата најавуваат дека активно работат и на трета програма за грижа за вработените. 

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде