Vrabotuvanje.com - Дали сте приметиле: За што служи точката на копчето со бројот 5 на далечинскиот управувач или тастатурата
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дали сте приметиле: За што служи точката на копчето со бројот 5 на далечинскиот управувач или тастатурата

Испакнатата точка или цртичка, им го олеснува користењето на лицата со оштетен вид и тие можат да ја користат за да одредат каде се другите копчиња. Исто така, им помага и на луѓето со нормален вид кога го користат далечинскиот управувач во темница.

Дали сте приметиле: За што служи точката на копчето со бројот 5 на далечинскиот управувач или тастатурата

Ако ја погледнете вашата нумеричка тастатура на лаптоп или далечинскиот управувач на телевизор, и двете треба да имаат мала точка, две точки или испакнување во форма на цртичка на копчето со број 5.

Во повеќето случаи, овие предмети ги користиме секојдневно и тие се направени така што ракувањето со нив е што е можно поедноставно. При нивната изработка, производителите мислат и на лицата со слаб вид и лицата со оштетен вид, поради што поставувањето на мало испакнување во форма на точка, две точки или цртичка на копчето со број 5 стана вообичаен стандард во производството на далечинскиот управувач.

Точката или цртичката во овој случај служи како показател и им овозможува на лицата со оштетен вид полесно да го користат далечинскиот управувач. Тоа го олеснува одредувањето каде се наоѓаат другите копчиња на далечинскиот управувач.

Освен што им помага на лицата со слаб вид и лицата со оштетен вид, копчето број 5 им користи и на луѓето со нормален вид, па тие можат да го користат далечинскиот управувач без да гледаат во него или кога гледаат телевизија во темница.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде