Vrabotuvanje.com - Франција продава повеќе автомобили од Германија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Франција продава повеќе автомобили од Германија

Од јули минатата година, Европската унија бележи постојан пад на бројот на продадени нови автомобили.

Франција продава повеќе автомобили од Германија

ЕУ забележа пад на продажбата на автомобили за 24,9 отсто во март во однос на истиот месец минатата година.

Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA) објави дека во март во земјите на ЕУ биле продадени 153.553 автомобили, што е речиси четвртина помалку од март 2021 година.

Франција е лидер во март меѓу 27-те членки на Европската унија со 39.005 нови автомобили регистрирани за лична употреба. Следува Германија со 30.350 регистрирани нови возила, потоа Италија со 18.753 и Шпанија со 11.880.

Во извештајот се наведува и дека во првите три месеци од годинава во 27-те земји членки на Европската унија се продадени вкупно 411.097 автомобили, што е за 18,1% помалку во однос на првиот квартал од минатата година.

извор: vecer.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде