Vrabotuvanje.com - Светски компании кои знаат како да „ги придобијат“ вработените
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Светски компании кои знаат како да „ги придобијат“ вработените

Денес и голем дел од нашите поголеми компании и странски инвестиции пробуваат да воведат западен стил на работење со придобивки за вработените.

Светски компании кои знаат како да „ги придобијат“ вработените

Ова се светските компании кои знаат како да „ги придобијат“ вработените со „слатки“ бенефиции:

Google

Бесплатна храна за вработените, бесплатна масажа, ѕид за спортско искачување, јога се само дел од она што секој вработен го добива во оваа компанија.

Доколку некој од вработените почине, Google продолжува да исплаќа на партнерот на починатиот 50% од неговата плата во следните 10 години.

Starbucks

Факт е дека ретко кое кафуле дава придобивки на баристите и келнерите. Но, не и во Starbucks. Секој вработен добива комплетно покриена школарина за онлајн диплома на универзитетот во Аризона.

Вработените во седиштето добиваат грижа за децата (градинка во склоп на канцелариите) и фитнес центар на работното место.

Disney

Вработените во Disney имаат бесплатен влез во секој Дизни парк на светот – за себе, фамилијата и пријателите. Исто така, имаат попуст во сите хотели и ланци на продавници на Дизни.

Facebook

За секој вработен во Facebook кој ќе се одлучи да стане родител има 4 месеци породилно отсуство (вообичаенo во САД породилното трае 12 недели), платени трошоци за детето во првата година и 4000 долари за полесно снаоѓање со новороденчето. Секој вработен добива 3 оброци дневно.

Pinterest

Секој вработен може да си одбере производи од Apple кои ќе му се од помош за да биде попродуктивен на работното место.

Netflix

Во Нетфликс вашата продуктивност не се мери според тоа колку часови неделно сте работеле, туку е важно да си ги остварувате целите и задачите. Никој не се оптоварува кога сте пристигнале или кога сте си заминале од работа.

LinkedIn

Бесплатни оброци, фитнес центри и спортување за сите вработени. Тие исто така обезбедуваат градинка за децата и грижа за миленичињата додека се на работа.

Jack Daniel’s

Секој вработен има по едно шише виски бесплатно секој месец.

Twitter

Бесплатни часови по крос-фит, бесплатни оброци и неограничен број на слободни денови.

Johnson & Johnson

Заборавете на сите здодевни работи кои мора да ги правите. Компанијата им обезбедува на вработените приватен помошник кој ги прави здодевните работи место нив – плаќа сметки, оди да пазари во маркет и сл.

AirBnB

Им дава на вработените 2000 долари кои можат да ги искористат во AirBnB домови било каде во светот. Можат со себе на работа да ги носат и своите миленици секој ден освен во петок кога е „Formal Friday“- единствениот формален ден во компанијата.

Yahoo

Компанијата обезбедува големи попусти во ски ресорти и забавни паркови. На располагање имаат бесплатни часови по јога, кик-бокс, пилатес и голф.

Heineken

Полн бар со пиво достапен за сите вработени 24/7!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде