Vrabotuvanje.com - Тоа се нарекува добра инвестиција: Жена трговец со уметнички дела пронашла непроценлива, 2000 години стара римска биста во продавница за 35 долари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Тоа се нарекува добра инвестиција: Жена трговец со уметнички дела пронашла непроценлива, 2000 години стара римска биста во продавница за 35 долари

Лора Јанг, трговец со уметнички дела од Остин, купила непроценлива, 2000 години стара римска биста која исчезнала од Германија по Втората светска војна, за само 35 долари во продавница за половна и евтина стока во Тексас.

Тоа се нарекува добра инвестиција: Жена трговец со уметнички дела пронашла непроценлива, 2000 години стара римска биста во продавница за 35 долари

Јанг ја купила скулптурата во родниот град во продавница уште во 2018-та година, водена од својот инстинкт. „Делуваше како да е римска и стара. На сонце изгледаше како нешто што би можело да биде многу посебно“, рекла таа за локалните медиуми.

Ги контактирала историчарите за уметност од Тексашкиот универзитет, како и претставници на аукциски куќи и колекционери во обид да утврди дали станува збор за автентичен примерок.

Се утврдило дека станува збор за римска биста од периодот од крајот на првиот век пред новата ера и почетокот на првиот век од новата ера.

Бистата наречена „Портрет на маж“ е изложена во музејот Сан Антонио и таму ќе остане наредната година, а потоа доаѓа во Германија од каде исчезнала на крајот од Втората светска војна.

Бистата некогаш се наоѓала во град Ашафенбург, а исчезнала по сојузничкото бомбардирање на градот. Веројатно како сувенир со себе ја понел некој американски војник.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде