Vrabotuvanje.com - Почна пријавувањето за бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Почна пријавувањето за бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза

Започна пријавувањето за бескаматниот кредит за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 5 мај 2022 година.

Почна пријавувањето за бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза

Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии што плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Македонија. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост и на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик.

Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, а максималниот износ на кредит е 3.000.000 денари. Кредитот ќе има рок на отплата од 12 и од 18 месеци, со вклучен грејс-период од 6 месеци и во двата случаја.

За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант-компонента од 10 проценти за субјектите што ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите што ќе користат рок на отплата од 12 месеци.

Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на имеил-адресата eekriza@mbdp.com.mk.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде