Vrabotuvanje.com - Сте сонувале ли за одмор во хотелски апартман којшто крстари на отворено море? Сега тоа е возможно...
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сте сонувале ли за одмор во хотелски апартман којшто крстари на отворено море? Сега тоа е возможно...

Дали некогаш сте посакале вашиот ден на плажа да не мора да заврши со заоѓањето на сонцето и дека би можеле да заспиете на вода?

Сте сонувале ли за одмор во хотелски апартман којшто крстари на отворено море? Сега тоа е возможно...

Сега тоа е возможно со „Pearlsuites“, футуристички пловечки апартмани кои ги дизајнирал Пјерпаоло Лазарини од компанијата „Lazzarini Design Studio“.

Идејните проекти се кружни кабини кои потсетуваат на НЛО, но наместо да лебдат во воздух, тие лебдат на површината од водата.

Секоја единица вклучува исти предности како хотелските соби и 100 отсто се напојува со соларна енергија, создавајќи доволно енергија за климатизација, осветлување, ладење и други уреди.

„Pearlsuites“ се дизајнирани за „Jet Capsule“. Од водечката верзија, со врвни спецификации, до поедноставени, отворени верзии за клубови на плажи, концепт кој има намера да воведе целосно нови „темели“ на пазарот на угостителството на море.

Пловечките апартмани би овозможила одморалиштата на плажа да завршат наизглед невозможна работа – да го прошират бројот на собите за неколку седмици, со нулта карбонски остатоци, нулта инфраструктура и нулта заземање од земјиштето, сè со ниски трошоци за имплементација.

Секој „Pearlsuite“ е со големина од 7 метри во пречник и нуди 1 метар од околниот простор за одење, во зависност од верзијата на дизајнот. 

Што се однесува до мобилноста на апартманите, тие исто така можат да бидат опремени со електричен мотор кој би им овозможил да крстарат со брзина од 5 чворови (околу 6 милји на час) од точка А до точка Б и да се позиционираат благодарение на GPS системот.

Извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде