Vrabotuvanje.com - Сакате да пиете кафе со млеко и шеќер? - Тогаш ќе си доплатите за тоа задоволство
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сакате да пиете кафе со млеко и шеќер? - Тогаш ќе си доплатите за тоа задоволство

Во Германија инфлацијата е на високо ниво, па домаќинствата се борат против скапиот бензин, дизелот, струјата и зголемените животни трошоци.

Сакате да пиете кафе со млеко и шеќер? - Тогаш ќе си доплатите за тоа задоволство

Погодени се и угостителските објекти. Храната и пијалокот се поскапи од било кога. Сопствениците на ресторани и барови треба да ги префрлат на гостите растечките трошоци за струја, парно и вработените. Меѓутоа, наместо да ги зголемат цените на храната, виното или пијалоците, сопствениците на ресторани одат чекор понатаму. Ја намалуваат големината на порциите и служат помали количини пиво и вино.

Во се повеќе кафулиња гостите треба да одлучат дали да пијат топол пијалок со млеко или шеќер. Чајот и кафето, засладени со малку млеко, понекогаш се поскапи и до 30 центи. И во рестораните угостителите бараат од гостите да платат доколку нарачаат, на пример, кечап или мајонез со компири.

Доплатите се движат од 50 центи до дури едно евро.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде