Vrabotuvanje.com - Јапонија ги отвoра границите, но само за „тест туризам”
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Јапонија ги отвoра границите, но само за „тест туризам”

Јапонските власти овој месец ќе започнат да спроведуваат „тест туризам” со ограничени пакет-аранжмани, како начин да добијат информации пред повторно целосно отворање на земјата за туристички посети.

Јапонија ги отвoра границите, но само за „тест туризам”

Иако туризмот беше еден од главните столбови на јапонската економија, земјата од 2020 година е затворена за туристи уште од самиот почеток на епидемијата на коронавирусот.

Регулативите беа малку олабавени за да им се дозволи влез на студентите и на некои деловни патници, но индивидуалните туристички посети останаа забранети и покрај барањата на туристичките субјекти за рестарт на дејноста, во мигови кога јенот е на најниско ниво за последните 20 години.

Првично земјата се отвара за тројно вакцинирани туристи од САД, Австралија, Тајланд и Сингапур и тоа само преку строго утврдени аранжмани и избрани тур-оператори.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде