Vrabotuvanje.com - Потврден е крајот за бензинските и дизел моторите
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Потврден е крајот за бензинските и дизел моторите

Европратениците во Комитетот за животна средина на Европскиот парламент го поддржаа планот на ЕУ за забрана на продажба на нови бензински и дизел автомобили од 2035 година, но гласаа против предлогот за радикално намалување на емисиите на CO2 во оваа деценија.

Потврден е крајот за бензинските и дизел моторите

ЕК постави 55 отсто намалување на емисиите на CO2 до 2030 година во однос на нивото од 2021 година. Некои интересни групи бараа повеќе, со што производството и продажбата на дизел и бензин ќе бидат неодржливи. Ваквиот потег на Комитетот веројатно ќе го поздрават многу купувачи (и претставници на автомобилската индустрија, кои веројатно лобираа за оваа одлука) бидејќи тоа значи дека цените на новите автомобили не треба премногу да растат.

Со комбинирање на електрични автомобили и возила со мотори со внатрешно согорување, производителите на автомобили веројатно ќе ги постигнат саканите цели за намалување на емисиите. Комитетот го поддржа предлогот за намалување на емисиите на CO2 за 100 проценти до 2035 година, што ќе ја оневозможи продажбата на нови возила со фосилни горива во блокот од 27 земји.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде