Vrabotuvanje.com - Heinz го претстави првото хартиено шише за кечап
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Heinz го претстави првото хартиено шише за кечап

Брендот за прехрамбени сосови Heinz соработува со компанијата за одржливо пакување Pulpex со цел создавање на првото хартиено шише за кечап, во обид да се ослободи од пластиката.

Heinz го претстави првото хартиено шише за кечап

Идеално, шишето би било создадено од 100% одржливо добиена хартија, која потоа ќе може повторно да се рециклира. Според соопштението на Heinz, производството на хартиените шишиња исто така би ослободувало далеку помалку јаглеродни емисии отколку производството на стаклени и пластични шишиња.

Од понудените слики на прототипното хартиено шише, повеќе луѓе забележаа дека сепак се чини како капачето е создадено од некој вид пластика, на што брендот одговори дека шишињата нема да содржат никоја од „лошите“ пластики како PET, HDPE или BPA.

Во секој случај, со оглед на тоа дека сé уште се работи за прототип, претстои уште долго време додека хартиените шишиња се усовршат и конечно се најдат во маркетите.

„Отпадот од пакување е предизвик за целата индустријата, кон чие решавање мора да придонесиме сите ние. Затоа сме посветени на преземање чекори за барање на одржливи решенија за пакување во однос на нашите брендови, нудејќи им на потрошувачите повеќе избор“ – посочи извршниот директор на Kraft Heinz, Мигел Патрисио.

Извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде