Vrabotuvanje.com - ВРАБОТЕНАТА ЈАВИЛА ДЕКА ЌЕ ДОЦНИ: Одговорот на шефот стана интернет-хит
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ВРАБОТЕНАТА ЈАВИЛА ДЕКА ЌЕ ДОЦНИ: Одговорот на шефот стана интернет-хит

ВРАБОТЕНАТА ЈАВИЛА ДЕКА ЌЕ ДОЦНИ: Одговорот на шефот стана интернет-хит

Жена по име Џен се нашла во несекојдневна ситуација поради која задоцнила на работа. Иако на сите ни се случува поради некоја причина понекогаш да задоцниме, шефот на Џен е оној кој со одговорот стана хит на интернет.

Таа, всушност, работи во истата компанија веќе 8 години и во целиот тој период никогаш не задоцнила. Поради тоа, нејзиниот шеф се загрижил и прашал дали е сè во ред?

Џен решила да биде искрена до крај и признала дека доцни затоа што нејзиното куче изгледало преслатко додека спие и таа го фотографирала и му ја испратила фотографијата.

Одговорот кој го добила ја изненадил:

„Погледни колку е сладок. Остани колку што треба“, а потоа ѝ понудил две влезници за настан за кучиња.

По ова, многумина се заинтересирале во која компанија работи Џен и побарале вработување таму. Таа пак, на крај ги добила и влезниците од својот шеф.

​infomax.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде