Vrabotuvanje.com - Анализа: Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен изнесувал 545.015 денари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Анализа: Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен изнесувал 545.015 денари

Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен во државава во 2020 година изнесува 545.015 денари, објави Државниот завод за статистика.

Анализа: Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен изнесувал 545.015 денари

Најголем годишен просек на издатоци на работодавецот по вработен има во секторот Информации и комуникации и изнесува 958.664 денари.

Во 2020 година, годишниот просек на издатоци на работодавачот по фактички одработен час изнесува 306 денари, а вкупниот годишен просек на фактички одработени часови е 1.780.

За обработката на податоците од истражувањето Анкета за цената на трудот во 2020 година се користени административни податоци од Управата за јавни приходи и од Агенцијата за вработување. 

извор: nezavisen.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде