Vrabotuvanje.com - Направени соларни панели кои работат и во текот на ноќта
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Направени соларни панели кои работат и во текот на ноќта

Научниците од Универзитетот Стенфорд развија соларни панели кои работат и преку ноќ. Ова ќе ја елиминира потребата од батерии што се користат за складирање на електрична енергија.

Направени соларни панели кои работат и во текот на ноќта

Панелите ја апсорбираат сончевата светлина во текот на денот и на тој начин се загреваат. Во текот на ноќта тие ја зрачат акумулираната топлина, што се нарекува радијациско ладење.

Ова создава разлика во температурата на постудените панели и потоплиот воздух. Употребата на овие панели подразбира употреба на термоелектричен генератор.

Станува збор за евтин уред кој температурните разлики ги претвора во електрична енергија. Може лесно да се инсталира и на постоечки панели.

Креаторите истакнуваат дека панелите генерираат помалку енергија во текот на ноќта, во споредба со количината создадена во текот на денот. Но, тие тврдат дека подобрувањата ќе бидат 20 пати поефикасни.

Извор: usb.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде