Vrabotuvanje.com - Ако во новчаникот имате банкноти од 20 или 50 евра, повторно погледнете ги парите! А еве и зошто
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ако во новчаникот имате банкноти од 20 или 50 евра, повторно погледнете ги парите! А еве и зошто

Ако во новчаникот имате банкноти од 20 или 50 евра, повторно погледнете ги парите! А еве и зошто

Бројот на запленети фалсификувани банкноти, воглавно од по 20 и 50 евра, опаднал во првата половина од 2018 година, објави Европската централна банка.

Вкупно од јануари до јуни 2018 година, од оптек се повлечени 301.000 фалсификувани банкноти.

Во првата половина од 2017 повлечени биле 331.000 фалсификувани банкноти, а во втората половина од минатата година 363.000. Банкнотите од по 20 и 50 евра најмногу се фалсификуваат, и учествуваат со 83 отсто во сите фалсификувани евра.

Сепак, „веројатноста во раце да ви стигне фалсификат е навистина минимална“, смета Банката бидејќи во оптек има повеќе од 21 милијарда вистински банкноти, со вкупна вредност поголема од 1.100 милијарди евра.

centar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде