Vrabotuvanje.com - 11 месеци по ред опаѓа продажбата на нови возила
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

11 месеци по ред опаѓа продажбата на нови возила

Последните податоци на Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA) покажуваат дека регистрациите на нови автомобили во мај 2022 година достигнале ниво од 791.546 единици.

11 месеци по ред опаѓа продажбата на нови возила

Намалувањето е 11,2%, што е 13,7% од почетокот на годината, на ниво од 3.721.774 единици.

ACEA истакнува дека во мај 2022 година ЕУ пријавила двоцифрен пад на секој од главните пазари – Италија (-15,1%), Шпанија (-10,9%), Германија (-10,2%) и Франција (-10,1%) .

Слична е ситуацијата во главните четири и на крајот од првите пет месеци од годината – Италија (-24,3%), Франција (-16,9%), Шпанија (-11,5%) и Германија (-9,3%).

Во автомобилската индустрија во Еу работат 12,7 милиони работници (директно или индиректно) што е 6,6 отсто од работните места во ЕУ. Оваа индустрија прави 76,3 милијарди евра суфицит за ЕУ, и обртот што го прави е 8 отсто од ГДП на ЕУ.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде