Vrabotuvanje.com - Агенција за цивилно воздухопловство вработува - Плата: 61.600 денари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Агенција за цивилно воздухопловство вработува - Плата: 61.600 денари

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 195/2022

Агенција за цивилно воздухопловство вработува - Плата: 61.600 денари

за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Агенција за цивилно воздухопловство за следните работни места

1. АЦВ0101В04006 Помлад соработник за воздухопловна медицина, Отсек за воздухопловна медицина, Сектор за безбедност на воздушен сообраќај(1) извршител(и)
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавно здравство и здравствена заштита или Фундаментални медицински науки или Медицинска технологија
- со или без работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на англиски јазик
Дополнителни услови
- специјализација за воздухопловна медицина или обука за воздухопловна медицина согласно ЈАР-ФЦЛ-3/ПАРТ МЕД за АМЕ
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:30 до 15:30
- Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 61.600,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2022 год. се : Македонец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Целиот оглас е на ЛИНКОТ

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде