Vrabotuvanje.com - Случајно му исплатиле 330 пати поголема плата: Работникот преку адвокат го раскинал договорот и побегнал
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Случајно му исплатиле 330 пати поголема плата: Работникот преку адвокат го раскинал договорот и побегнал

Случајно му исплатиле 330 пати поголема плата: Работникот преку адвокат го раскинал договорот и побегнал

На вработен во една од најголемите компании за преработка на месо во Чиле, случајно му е исплатена многу поголема сума наместо вообичаената плата, која изнесува 500 долари.

Откако наместо вообичаените 500 на сметката имал 165.398.851 долари, работникот преку адвокат го раскинал договорот за работа и исчезнал.

Грешката во компанијата „Consorcio Industrial de Alimentos (Cial)“ ја забележал секторот за човечки ресурси на 30 мај 2022 година и го известил работникот дека му е исплатена поголема плата и побарале од него да оди во банка и да ги врати парите. Работникот ветил дека тоа ќе го направи веднаш следното утро, но откако тој ден излегол од работа, повеќе не се вратил.

На 2 јуни неговиот адвокат ја известил компанијата дека го раскинува договорот за вработување. Компанијата поднесе тужба против работникот.

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде