Vrabotuvanje.com - ДЗС: Намалување на бројот на работниците во индустријата за 1,7 отсто
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ДЗС: Намалување на бројот на работниците во индустријата за 1,7 отсто

Бројот на работниците во индустријата има намалување од 1,7 отсто во месец мај 2022 година, во спроедба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

ДЗС: Намалување на бројот на работниците во индустријата за 1,7 отсто

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи опаѓање од 2,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,2 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1 процент, Капитални производи за 2 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти - се наведува во соопштението на ДЗС.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на периодот јануари – мај 2021 година е намален за два проценти. 

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде