Vrabotuvanje.com - И во хрватски железници не цветаат рози: Сите му се смејат на брзиот воз
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

И во хрватски железници не цветаат рози: Сите му се смејат на брзиот воз

Видеото од „брзиот“ воз кој сообраќа на релација Осиек-Сплит стана хит на социјалните мрежи, откако многумина беа воодушевени од брзината со која се движи.

И во хрватски железници не цветаат рози: Сите му се смејат на брзиот воз

Видеото од возот го објави Жељко Смрчек, а го прикажува како пристигнува на железничката станица во Велико Тројство, во близина на Бјеловар.

Брзината на брзиот воз ги остави корисниците на социјалните мрежи вчудоневидени и предизвика серија шеги ширум интернетот.

На снимката се слуша како некој извикува дека доцнел повеќе од еден час, а хрватските медиуми пишуваат дека воз на оваа пруга од неодамнешното воспоставување никогаш не стигнал на време. Првиот ден доцнел дури 83 минути.

„Ако продолжи така, ќе ја пробие звучната бариера“, вели еден од шеговитите коментари.

„Праќаш дете на екскурзија, се враќа полнолетно“, „Рѓосува од станица до станица“, пишуваа други, а многумина се прашуваа ако е ова брз взо каков е тогаш бавниот воз.

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде