Vrabotuvanje.com - Србија најави брз воз на релација Ниш-Прешево-Македонија!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Србија најави брз воз на релација Ниш-Прешево-Македонија!

Железницата на Србија најави проект за реконструкција на пругата Ниш-Прешево-Северна Македонија за возови со голема брзина во должина од 92 километри како дел од проектот за модернизација на коридорот Белград-Ниш-Прешево.

Србија најави брз воз на релација Ниш-Прешево-Македонија!

Во соопштението на експертите стои дека, модернизацијата на овој дел од железницата опфаќа работи на делниците Брестовац-Винарци, Орево-Врањска Бања, Ристовац-Бујановац и Букаревац-Прешево-граница со Северна Македонија.

Делницата Ниш-Прешево е една од најстарите железнички линии во Србија и најважната делница на Коридорот 10. Оваа електрифицирана линија долга 151 км се користи за најголемиот дел од транспортот во Србија. Во рамки на проектот е предвидена и санација и доградба на железничката линија Белград-Ниш во должина од 228 километри.

извор: lokalno.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде