Vrabotuvanje.com - Поскапувањето не ги одмина и рестораните за свадби
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Поскапувањето не ги одмина и рестораните за свадби

Поскапувањето на струјата и прехранбените производи, особено маслото, месото и зеленчукот речиси ги остави рестораните за свадби без никаков профит. Сите свадби се резервирани во периодот кога цените беа пониски. Менаџерите на рестораните велат дека значително е намален и бројот на гости на свадби, од 350 или 400 колку што беше порано, сега бројот е намален на максимум 250 гости.

Поскапувањето не ги одмина и рестораните за свадби

„Со цените кои се превисоки, немаме профит, туку само на младоженците им вршиме услуга да ја завршат свадбата до крај. До денес немаме никаков профит. Оние кои резервираа пред нова година и после нова година, некаде во март, сите беа по стари цени. Сега не можеш да им се јавуваш на луѓето, да им кажеш преку телефон дека цената е покачена и треба да се покачи и цената на свадбата, затоа што резервирал по таа цена“, рече менаџер на ресторан за свадби за АЛСАТ.

И покрај моменталната состојба, граѓаните не се откажуваат од свадбите и големите трошоци за нивна реализација. Задоволни од сезоната на венчавки се музичарите кои рекоа дека закрепнуваат по двегодишното затворање поради пандемијата.

Укинувањето на мерките против Ковид 19 летово овозможија организирање на сите прослави со полн капацитет и без ограничувања.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде