Vrabotuvanje.com - За 250 милиони години од Скопје до Торонто ќе се оди по копно
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

За 250 милиони години од Скопје до Торонто ќе се оди по копно

Континентите на планетата Земја секојдневно се движат. По многу малку и незабележително, но движењето дефинитивно се случува. И тоа отсекогаш било така.

За 250 милиони години од Скопје до Торонто ќе се оди по копно

Во далечното минато, во времето на палеозоикот и мезозоикот, постоел суперконтинент наречен Пангеја (од хеленски Πᾶνγαία - сите земји), околу кој бил океанот наречен Панталаса (од хеленски Πᾶνθάλασσα - сите мориња). Потоа процесот на тектонски плочи почнал да го цепка овој огромен континент, најпрво раздвојувајќи го континентот Лауразиј, а потоа и Гондвана. Раздвојувањето продолжило, по што се добиле денешните континенти и океани.

Сите научни хипотези сугерираат дека Пангеја повторно ќе настане бидејќи процесот на раздвојување е повратен. Движењето на континентите денес ја потврдува оваа хипотеза.

Но, тоа е процес долг милиони години. Сепак, интересно е да видиме како би изгледале денешните меѓународни граници кога Земјата повторно би ја имала Пангеја. Европа преку Африка ќе се спои со Северна Америка и ќе биде можно од Скопје до Торонто да се патува само преку копно. Звучи интересно и научно-фантастично, но тоа навистина ќе биде случај во далечната иднина... ако воопшто човекот постои дотогаш.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде