Vrabotuvanje.com - МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

Министерството за труд и социјална политика информираа дека во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период.

МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

Од Министертсвото појаснуваат дека исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година, за во текот на февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на мај и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули.

Висината на додатокот за образование за ученици во основно училиште изнесува 737 денари месечно, односно 2.211 денари по мерен период. Висината на додатокот за образование за ученици во средно училиште изнесува 1.053 денари месечно, односно 3.158 денари по мерен период, наведуваат во денешното соопштение од МТСП. 

извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде