Vrabotuvanje.com - Часовникот на Хитлер е продаден за 1,1, милион долари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Часовникот на Хитлер е продаден за 1,1, милион долари

Часовник за кој се верува дека припаѓал на лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, е продадена за 1,1 милиони долари на аукција во САД.

Часовникот на Хитлер е продаден за 1,1, милион долари

Часовникот марка Хубер, кој бил продаден на анонимен купувач, има гравирано свастика и иницијалите АХ.

Според каталогот на аукциската куќа, часовникот веројатно бил даден на Хитлер како роденденски подарок во 1933 година, истата година кога станува канцелар на Германија. Се претпоставува дека овој предмет потоа бил земен како сувенир, кога 30 француски војници упаднале во Бергов, планинското засолниште на Хитлер во 1945 година. Се мисли дека часовникот бил продаден неколку пати низ неколку генерации досега.

Меѓу другите аукциски предмети кои беа ставени на продажба беше и фустан на сопругата на Хитлер, Ева Браун, потпишани слики од нацистички функционери и жолто парче ткаенина со Давидова ѕвезда на кое е напишан зборот „Jude“.
 
извор: radiomof.mk
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде