Vrabotuvanje.com - Американец освои џекпот од дури 1,28 милијарди долари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Американец освои џекпот од дури 1,28 милијарди долари

Неименуван Американец синоќа доби џекпот од 1,28 милијарди долари на лотаријата Mega Millions.

Американец освои џекпот од дури 1,28 милијарди долари

Неговите среќни броеви беа 13, 36, 45, 57 и 67. Ова е втора најголема награда на Mega Millions во последните 20 години.

За потсетување, во 2018 година милијарда долари освои и човек од Мичиген. Бројките кои ја сочинуваат оваа вртоглава сума на пари се 4, 26, 42, 50, 60 и 24.

Најголемата добивка некогаш освоена на американска лотарија е 1,58 милијарди долари, а била извлечена во јануари 2016 година.

Тимоти Шулц, кој освои џекпот на Powerball од 28 милиони долари во 1999 година, а сега е домаќин на подкаст посветен на лотаријата, за CNN изјави дека таквата добивка, се разбира, менува многу работи во животот, но дека човекот во суштина останува ист.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде