Vrabotuvanje.com - Оние кои не се плашат од височина можат да заработат и до 100 евра на ден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оние кои не се плашат од височина можат да заработат и до 100 евра на ден

Искачувањето по планинските карпи или спуштањето по фасадите на солитери или столбови за нив е уживање. Тие се љубители на адреналинот, авантура, а се разликуваат само по тоа што за првата работа треба да платат, а за втората добиваат плата.

Оние кои не се плашат од височина можат да заработат и до 100 евра на ден

Миењето прозорци на високи згради за повеќето од нив беше пред сè хоби и дополнителен извор на приход , но извршувањето оваа работа може да донесе и добра заработувачка. Може  да заработите и до 100 евра на ден.

Порано, пред 10, 15, па и повеќе години, доволно беше да се има опрема и малку искуство во качување за да се мијат прозорците на десетти кат, а денес за тоа ви треба лиценца.

- Повеќето од нас, кои некогаш ги извршувале овие работи, сме или некогаш биле членови на планинарски и спелеолошки друштва. Тоа беше основата, а потоа почнавме да учиме разни занаети, за да можеме да работиме што повеќе работи. Значи, освен миење прозорци и реновирање фасади, знаеме да ги поправаме олуците, да ги вадиме мразулците од покривите, да поставуваме и сервисираме клима уреди...  Денес сето тоа го прават лиценцирани работници на височини. Безбедноста е приоритет а психофизичката сила неопходна, велат работници кои се занимаваат со оваа работа.

Лиценца за вршење работи на височини се добива со обука, а работата на чистач на прозорци на височина е тешка, заморна и пред се многу ризична, поради што посебен акцент се става на заштитната опрема која секојдневно се проверува.

Ветерот е најголемиот непријател на секој што работи на височина.

Во очите на другите овие работници се херои, „пајаци“ кои го разубавуваат светот околу себе не само поради она што го прават, туку и поради начинот на кој го прават. Затоа што сликата од нив како висат на јажиња или седат на клупа додека го бришат прозорецот на повеќекатна  зграда е нешто што остава без здив.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде