Vrabotuvanje.com - Салцбург штеди: Порано ќе ги исклучува светлата на главните знаменитости
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Салцбург штеди: Порано ќе ги исклучува светлата на главните знаменитости

Австрискиот град Салцбург, среде туристичката сезона, ги исклучува светлата на главните атракции еден час порано за да заштеди електрична енергија во време кога земјата, како и цела Европа, се соочува со енергетска криза која се наѕира.

Салцбург штеди: Порано ќе ги исклучува светлата на главните знаменитости

Почнувајќи од понеделник, рефлекторите што ги осветлуваат главните знаменитости, вклучително и тврдината Хоензалцбург, ќе бидат исклучени еден час порано, на полноќ.

Затемнувањето на светлата во Хоензалцбург, една од најголемите средновековни тврдини во Европа што се издигнуваат над центарот на градот, ќе биде особено ефикасно бидејќи бара околу 13.000 вати, рече Бертолд.

Со мерката ќе бидат погодени и црквите и спомениците во градот во северозападна Австрија.

Оваа мерка доаѓа во исто време кога реномираниот музички и драмски фестивал во градот Салцбург е во полн ек, настан на кој обично присуствуваат стотици илјади посетители.

Во блискиот Линц, градските власти деновиве најавија дека во 23 часот ќе бидат исклучени светилките на мостовите и другите јавни објекти.

Градот Фелдкирх, во западната австриска провинција Форарлберг, најави дека планира да престане да го осветлува својот историски центар на градот ноќе, не само за да ги намали трошоците за електрична енергија, туку и да ги мотивира граѓаните да штедат енергија.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде