Vrabotuvanje.com - Оглас за работа на Аеродромот во Франкфурт - Бараме РАКУВАЧИ СО ТОВАР, РАКУВАЧИ СО БАГАЖ и АГЕНТИ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оглас за работа на Аеродромот во Франкфурт - Бараме РАКУВАЧИ СО ТОВАР, РАКУВАЧИ СО БАГАЖ и АГЕНТИ

Оглас за работа на Аеродромот во Франкфурт - Бараме РАКУВАЧИ СО ТОВАР, РАКУВАЧИ СО БАГАЖ и АГЕНТИ

АЕРОДРОМОТ ФРАНКФУРТ ВРАБОТУВА

Бараме кандидати за следните работни позиции:
РАКУВАЧ СО ВОЗДУШЕН ТОВАР/ РАКУВАЧ СО БАГАЖ/ АГЕНТ

 

1. Flugzeugabfertiger - РАКУВАЧ СО ВОЗДУШЕН ТОВАР

Вашите задачи:

  • Ракување, утовар и истовар на товар од авиони
  • Ракување со опасни материи (DGR)
  • Возење и управување со возила за утовар и истовар
  • Прием и обезбедување на авиони
  • Ракување со багаж
  • Комуникација и соработка со колегите на работното место
  • Задолжително познавање на Германски јазик (минимум А2 ниво)
  • Плата од 12.46 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник 125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%

2. Gepäckabfertiger - РАКУВАЧ СО БАГАЖ

Вашите задачи:

  • Ракување и утовар на багаж од багажната лента
  • Истовар и утовар на багаж од контејнери и приколки
  • Кодирање на багажот
  • Сортирање на багажот
  • Задолжително познавање на Германски јазик (минимум А2 ниво)
  • Плата од 12.46 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник 125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%

3. RAMP-AGENT

Вашите задачи:

  • Следење и координација на работните процеси на авионот имајќи ги предвид безбедносните прописи
  • Обезбедување и прием на потребните документи за летот
  • Проверка и по потреба корекција на документите за слетување и полетување
  • Подготовка и следење на полетувања и спроведување на придружните административни задачи
  • Задолжително познавање на Германски јазик (минимум А2 ниво) и англиски јазик (најмалку Б2 ниво)
  • Возачка дозвола е потребна од самиот почеток
  • Плата од 14.37 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник 125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%

Компанијата нуди:

  • Полно работно време мин. 155 часа
  • Месечен план на смени
  • Можност за напредување, развој и понатамошна кариера
  • RMV месечен билет (работна карта)
  • Бесплатен паркинг на работно место
  • Попуст на гориво на интерна бензинска пумпа наменета само за вработените
  • Кантина
  • Фитнес студио
  • Попусти за патување
  • Работна и службена облека
  • Документи за виза
  • Обезбедено бесплатно сместување  во првите 6 месеци (сместувањето го плаќа работодавачот, кандидатот има трошок во вид на данок од 100 евра месечно. Сместувањето е на пример 550 евра по кандидат, тоа ќе го плати работодавачот, ДДВ на овој трошок си го плаќа кандидатот)
  • Доколку кандидатот се пресели во Франкфурт (од место кое е одалечено од Франкфурт oд 100 км и  повеќе – се мисли и на тие што ќе се доселат од Македонија, FraGround ќе понуди на кандидатот пакет за добредојде (Бонус за преселба од 1.000 евра нето и исплаќање на истиот на 4 рати во текот на првиот месец од вработувањето, бесплатно сместување за првите 6 месеци (се оданочува само паричната помош, транспортни трошоци до 300 € нето)
  • Доколку е потребно, преземање на трошоците за превод
  • Посредувањето е бесплатно, кандидатите имаат само трошок  за вадење на своите лични документи пред нашите институции и превод на истите

Напомена: За огласот можат да аплицираат единствено кандидати коишто имаат термин за виза во Германска амбасада и/или кандидати коишто имаат европски пасош.  

 Сите детали и можност за аплицирање на ЛИНКОТ

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде