Vrabotuvanje.com - Се продава семејниот ранч на Волт Дизни за неверојатна сума
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Се продава семејниот ранч на Волт Дизни за неверојатна сума

Се продава ранч во американската сојузна држава Вајоминг, кој порано бил во сопственост на семејството Волт Дизни. Истиот е ставен на продажба за неверојатни 71 милион долари, објави The Wall Street Journal.

Се продава семејниот ранч на Волт Дизни за неверојатна сума

„Имотот се наоѓа на околу 23 милји (околу 37 км) од Националниот парк Јелоустоун. Ранчот зафаќа површина од околу 5.000 хектари (2.000 хектари)“, областа е опкружена од три страни со планини, што го прави ова место „неверојатно затскриено“.

Волтер Елиас Дизни е легендарен американски аниматор, продуцент и режисер. Тој е креатор на Мики Маус и многу други цртани ликови. Продуцент е на над 650 и режисер на 120 анимирани филмови. Тој е основач на The Walt Disney Company. Добитник е на најголем број „Оскари“ во историјата. Денес, The Walt Disney Company е еден од најголемите конгломерати за забава во светот. Вклучува неколку филмски студија, детски телевизиски канали, телевизиски и радио мрежи, забавни паркови, одморалишта и ресторани.

извор: lokalno.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде