Vrabotuvanje.com - Охриѓани го возвраќаат „ударот“: Организирано патување за Скопје со агенда
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Охриѓани го возвраќаат „ударот“: Организирано патување за Скопје со агенда

Охриѓани го возвраќаат „ударот“: Организирано патување за Скопје со агенда

Веројатно на Охриѓани им дошло преку глава од постојаните негативни коментари насочени кон нивниот град па викендов на социјалната мрежа Фејсбук а во групата Охриѓани се појави повик за Организирано патување за Скопје со агенда се што прват Скопјаните во Охрид сега Охриѓаните да го направат во Скопје, чисто да се види како е да бидете во нивна кожа. Повикот изгледа вака:

 Се информирет сите Охриѓани дека  ќе имаме организирано патување за Скопје.

Програмата за патувањето:

  • 8.00ч збирно место на Туристичка кј банкана.
  • 9.00ч тргвиме во колона за Скопје.
  • 12.00ч паркирање на плоштад Македонија, кој каде сакат мојт слободно да се паркират.
  • 13.00ч фрлање отпад по центарот на Скопје. И да имат корпи, слободно најлончињата со ѓубре да си ги остајте по улица!
  • 14.00ч мочање во Вардар и по центарот на Скопје. (Бидеќи не сакаме да ви го загрозиме здравјето, немат да имат сркање со лајца од Вардар)
  • 14.30ч скара пред ГТЦ, варење кафе на плинско, сето ѓубре го оставаме пред ГТЦ.
  • 15.30ч сликање фискални сметки од Скопските кафичи.
  • 16.30ч Викање по улици, скандирање дека Белград е поевтин од Скопје. Замарање на Скопјани.
  • 18.00ч Враќање во колона за Охрид, ама првин да ги блокираме главните улици низ градот.
  • 21.00ч Плукање на Скопје по социјалните мрежи.

Се молет сите кој учествувет утре да носат со себе:

  • Пиперки, патлиџани, месо и јајца
  • Пиво, вода и сок, све во пластични шишиња.
  • Шо појќе пластични најлончиња
  • Столчиња и маси
  • Плинско
  • Скара на ќумур
  • 500 денари за патарина, за Скопје немат да ви требет, само фискални ќе сликаме.

Се надеваме на голем број Охриѓани, пријавување во коментар 

 

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде