Vrabotuvanje.com - Отворени над 1100 нови работни места во ТИРЗ од почетокот на годинава
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Отворени над 1100 нови работни места во ТИРЗ од почетокот на годинава

Продолжува растот на вработени и на извозот во технолошко индустриските развојни зони и во јули, покажува редовната анализа на ТИРЗ.

Отворени над 1100 нови работни места во ТИРЗ од почетокот на годинава

Само за еден месец во компаниите во зоните се отворени речиси 100 нови работни места, со што заклучно со јули, од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се реализирани над 1100 нови вработувања. Со ова вкупниот број на вработени во јули порасна и достигна 15.085, што е за 6% повеќе споредено со јули минатата година, односно за 14,5% повеќе во однос на јули 2020 година.

Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Во првите седум месеци од 2022 извозот од ТИРЗ достигна речиси 2 милијарди евра, што е највисок во последниве четири години. Извозот во периодот од јануари до јули е за 13% повисок во однос на истиот период во 2021 односно 77% повисок во однос на 2020 и 23% и 47% повисок споредено со 2019 односно 2018 година. Само во јули компаниите во ТИРЗ имаат извоз од 280 милиони евра што е за 25% повеќе од јули минатата година.

Регистрирано е и највисоко ниво на увоз. Ова е за 4% повеќе во однос на увозот од јануари до јули во 2021, односно за  83%  споредено со 2020, и за 21% и 64% повеќе споредено со 2019, односно 2018 година. Месечниот увоз во ТИРЗ во јули достигна 230 милиони евра и е на речиси исто ниво со јули 2021 година. Заклучно со јули и нето извозот е 9%.

И покрај глобалните политичко економски случувања се очекува ваквиот тренд да продолжи до крајот на годинава.

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде