Vrabotuvanje.com - Примиле 25.000 нарачки за помалку од 1 минута, купувачите го срушиле сајтот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Примиле 25.000 нарачки за помалку од 1 минута, купувачите го срушиле сајтот

Се утврди дека „Mahindra Scorpio-N“ е голем продажен хит на пазарот.

Примиле 25.000 нарачки за помалку од 1 минута, купувачите го срушиле сајтот

Имено, првите 25.000 примероци од ова SUV возило се купиле за помалку од 60 секунди, а таквата навала довела до рушење на сајтот на компанијата, па многу луѓе кои биле заинтересирани за купување на возилото од првиот контингент останале со празни раце.

„Scorpio-N“ е SUV возило кое се заснова на класична шасија, а на пазарот треба да го замени претходникот „Scorpio“ и да внесе модерен стил и нови технологии во овој автомобилски сегмент на „Mahindra“.

Се продава со бензински и дизел мотор, а погонот на сите 4 тркала е достапен како опција. Индискиот произведувач наведува дека првиот контингент од 25.000 примероци се продавал по цена која, во зависност од варијантата, моторот и пакетот на опрема, се движела од околу 15.000 па сè до 25.000 долари.

Компанијата претходно најави дека цените за идните нарачки ќе се зголемат, што всушност довело и до големата навала на сајтот во првите минути од продажбата.

Кога на 30-ти јули, по само 55 секунди биле продадени 25.000 возила, а сајтот станал недостапен, бројни фрустрирани Индијци се пожалиле на социјалните мрежи дека не можеле да нарачаат примерок од автомобилот и да уплатат депозит.

Испораката на возила започнува на 26-ти септември, а од „Mahindra“ ветиле дека до декември ќе лансираат уште една серија на пазарот од 20.000 единици.

извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде