Vrabotuvanje.com - Европскиот град во кој третина од жителите се студенти, а јавниот превоз е бесплатен во сабота
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Европскиот град во кој третина од жителите се студенти, а јавниот превоз е бесплатен во сабота

Тибинген е универзитетски град на реката Некар во германската покраина Баден-Виртемберг. Го привлекува погледот со речиси совршено зачуваниот стар град, асфалтираните улици, живописните куќи и каналите.

Европскиот град во кој третина од жителите се студенти, а јавниот превоз е бесплатен во сабота

Приближно една третина од населението од околу 90.000 се студенти, така што не е чудно што некои податоци покажуваат дека Тибинген е град со најниска просечна возраст на населението во Германија. Не е чудно што Тибинген има многу изразен еколошки сензибилитет.

Младите сили овде често се спротивставуваат на властите, ги доведуваат во прашање традиционалните вредности и откриваат нови алтернативни начини на живот. На пример, самоуправните иницијативи за домување се популарни каде готвењето и купувањето на намирници се организирани колективно.

Луѓето кои живеат во овие станбени единици често се политички активни, ја поттикнуваат свеста за социјалните и еколошките прашања и придонесуваат за културната сцена со организирање концерти, предавања, фестивали и забави. Храната што се нуди на овие настани е обично веганска.

Во земја каде што колбасите, свинските котлети и ќебапите се незаменлив дел од локалната кујна, Тибинген се издвојува со својата веганска и вегетаријанска понуда. Не само што е популарна храна од растително потекло, туку се служи и на еколошки начини.

За да се намали количината на ѓубре во Тибинген, градот неодамна донесе такса за пакување наречена Verpackungssteuer која наплаќа дополнителни 50 центи за секое еднократно пакување – од шолји за кафе до чинии за сладолед.

Целиот прибор за еднократна употреба чини 20 центи повеќе. Се оданочуваат дури и кутии за пица и фолии за завиткување фалафел при испорака. Без разлика дали се направени од одржливи и рециклирани материјали, сè што има намена за еднократна употреба е поскапо во градот.

Во првите неколку месеци од стапувањето во сила на законот, градот забележа 15 отсто помалку ѓубре во градските канти, а се верува дека тие бројки ќе продолжат да паѓаат бидејќи луѓето ќе се навикнат на новите правила и употребата на прибор и садови за повеќекратна употреба.

Градот постојано работи на проширување на велосипедските патеки во градот и поттикнува користење на јавен превоз наместо автомобили. Дополнително, во февруари годинава беше забранет сообраќајот на автомобили во центарот на градот.

Во сабота, возењето со автобус е бесплатно за сите жители на Тибинген, додека студентите имаат бесплатен превоз цел викенд и секој работен ден по 19 часот. Желба на градските власти е јавниот превоз во блиска иднина да биде бесплатен за сите.

извор: studenti.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде