Vrabotuvanje.com - Дали сакате да заработувате додека спиете? Да, постои и таков оглас за работа
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дали сакате да заработувате додека спиете? Да, постои и таков оглас за работа

Брендот за душеци Casper вработува лице на позиција каде што спиењето на работното место не само што е прифатено, туку и задолжително.

Дали сакате да заработувате додека спиете? Да, постои и таков оглас за работа

Компанијата со седиште во Њујорк, основана во 2014 година, ангажира кандидати кои ќе спијат и ќе заработуваат. Тие имаа задача да спијат „во нивните продавници и на неочекувани места во светот“, се вели во огласот за работа.

За жал, вработените ќе треба да направат нешто кога се будни. Имено, тие ќе треба да креираат содржина на социјалните мрежи и да го споделат своето искуство како професионален "спијач".

Пријавувањето за работното место е отворено до 11 август. Идеалниот кандидат треба да има „исклучителна способност за спиење” и , „желба да спие што е можно повеќе“.

Освен што ќе бидат платени за спиење, кандидатите ќе уживаат во можноста да носат пижами на работа. Тие исто така ќе имаат можност да ги искористат предностите на бесплатните производи на Каспер и флексибилноста на распоредот со скратено работно време.

Амбициозните “спијачи” се охрабруваат да ги покажат своите вештини за спиење на TikTok, велат од Casper.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде