Vrabotuvanje.com - Пред 22 години платил 25 центи повеќе за билет за воз, дури сега го добил судскиот спор
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Пред 22 години платил 25 центи повеќе за билет за воз, дури сега го добил судскиот спор

По речиси 22 години, Индиец добил судски спор за билет за воз преплатен за 25 центи, јавува Би-Би-Си.

Пред 22 години платил 25 центи повеќе за билет за воз, дури сега го добил судскиот спор

На адвокатот Тунгнат Чатурведи му биле наплатени дополнителни 20 рупии (0,25 американски долари) за два билети во Утар Прадеш во 1999 година. Минатата недела Трибуналот за потрошувачки спорови пресудил во корист на Чатурведи и побарал од железничката компанија да му ги врати парите со камата.

„Бев на повеќе од 100 рочишта поврзани со тој случај. Но, нема цена за изгубеното време и енергијата што ја вложив во овој случај“, рече 66-годишниот Чатурведи.

Потрошувачките судови во Индија се преоптоварени и судските спорови можат да траат со години. Чатурведи, кој живее во Утар Прадеш, патувал од Матура до Морадабад кога контролорот за билети му наплатил 90 рупии за два билети наместо 70.

извор: kanal5.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде