Vrabotuvanje.com - Зошто работодавачот треба да ги пофали своите вработени
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Зошто работодавачот треба да ги пофали своите вработени

Деловниот свет често се доживува како пресметан и незаинтересиран за ништо друго, освен за постигнатите резултати. Но, има и такви работодавци кои се свесни дека вработените, а не бројките се основата на секоја компанија и дека нивната продуктивност и лојалност кон компанијата придонесува за здрава работна атмосфера во која заработката е компензација, а не пофалба за работата.

Зошто работодавачот треба да ги пофали своите вработени

Но, како да се создаде таква средина? Со воспоставување на таканаречената „култура на пофалби“, компаниите испраќаат порака до своите вработени дека се грижат за нив и нивните резултати. Според Inc.com, најдобро е да се пофали:

Јавно

Луѓето сакаат да бидат пофалени и јавно издвоени за нивните достигнувања пред своите колеги. Во исто време, другите вработени сфаќаат дека напорната работа нема да помине незабележано.

Со почит

Неискреноста секогаш се чувствува, а пофалбите што не доаѓаат од срце нема да дадат добар ефект. Вработените ќе почнат да ги преиспитуваат мотивите зад лажните пофални зборови, давајќи им главно негативни конотации.

Конкретно

Подобро е да се фалат конкретни достигнувања, наместо да се работата како целина.

Во вистинско време

Многу е важно да се пофали работникот веднаш по завршувањето на работата. На овој начин работодавачот им испраќа порака на своите вработени дека будно ја следи нивната работа, дека е во тек со се што се случува во компанијата и дека се грижи. Од друга страна, тоа е време кога самиот вработен очекува пофалби и кога тоа најмногу ќе му користи.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде