Vrabotuvanje.com - Метеоролози добиле отказ поради погрешна прогноза
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Метеоролози добиле отказ поради погрешна прогноза

Метеоролози добиле отказ поради погрешна прогноза

Унгарските власти минатата сабота го планираа „најголемиот огномет во Европа“ за да го прослават националниот празник,  Денот на Свети Стефан.

Околу 40.000 пиротехнички предмети беа подготвени за лансирање од 240 точки на потегот од пет километри долж  Дунав во центарот на Будимпешта. Планирано било огнометот да го следат два милиони луѓе.

Седум часа пред закажаниот почеток, настанот бил откажан поради предвидените екстремни временски услови.

Небото, сепак, останало мирно, што предизвика гнев кај политичарите и отпуштање на двајца врвни луѓе на Националниот хидрометеоролошки институт.

Дождовните облаци, на кои предупредуваа метеоролозите, го сменија правецот и наместо во централните делови и главниот град, дожд наврна на истокот од земјата.

Хидрометеоролошкиот завод во неделата на својата Фејсбук страница објави извинување, објаснувајќи дека најлошото сценарио се остварило и дека секогаш има одреден степен на неизвесност во временската прогноза.

Извинувањето очигледно не беше доволно, бидејќи министерот го разреши првиот човек на метеоролошкиот институт и неговиот заменик.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде