Vrabotuvanje.com - Платформа за криптовалути на жена наместо 100, случајно ѝ префрлила 10,5 милиони долари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Платформа за криптовалути на жена наместо 100, случајно ѝ префрлила 10,5 милиони долари

Една од најголемите платформи за трговија со криптовалути "Crypto.com" по грешка и префрлила 10,5 милиони долари на Теваманогари Манивал од Мелбурн, која од нив барала рефундација од 100 долари.

Платформа за криптовалути на жена наместо 100, случајно ѝ префрлила 10,5 милиони долари

За целата ситуација да биде почудна, потребни биле цели седум месеци да се забележи грешката, пишува "7News".

Компанијата "Crypto.com" потоа започнала спор пред Врховниот суд на Австралија против двете сестри да им ги вратат парите.

Пред судот било кажано дека во полето за исплата по грешка бил внесена сумата од 10,5 милиони долари.

Грешката се случила во мај минатата година, а била откриена дури кога била спроведена ревизија кон крајот на декември.

Кога компанијата се обидела да ја исправи грешката, парите на сметката биле префрлени и искористени за купување на повеќемилионски куќи.

Меѓутоа, судијата сега наредил недвижнините да се продадат, а остатокот од парите да се вратат.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде