Vrabotuvanje.com - Бебето од омотот на „Nevermind” го изгуби случајот со „Нирвана“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бебето од омотот на „Nevermind” го изгуби случајот со „Нирвана“

САД – Американскиот Суд ја отфрли и последната тужба на Спенсер Елден против „Нирвана“ поради легендарната корица на албумот на хеви-метал бендот од 1991 година – „Nevermind”, на којашто Елден е сликан како бебе.

Бебето од омотот на „Nevermind” го изгуби случајот со „Нирвана“

Елден (31) тврдеше дека неговото појавување на омотот е сексуална злоупотреба на дете. Но, судијата рече дека Елден чекал премногу долго за да тврди дека бил експлоатиран. Тој бараше отштета од 150.000 долари од живите членови на „Нирвана“ – Дејв Грол и Крис Новоселиќ, од вдовицата на поранешниот пејач Курт Кобејн – Кортни Лав, неколку издавачки куќи и од фотографот Кирк Ведл.

„Нирвана“ на насловницата користеше фотографија направена од Ведл 1991 година во Пасадена, Калифорнија САД. Од албумот „Nevermind“, продадени се повеќе од 30 милиони примероци.

Инаку, Елден ја изимитирал, т.е. ја повторил својата поза и за 10, 17, 20 и 25-годишнината од пуштањето на албумот.

Правните патишта на Елден сега се целосно исцрпени, и тој не може повторно да поднесе тужба.  

извор: nezavisen.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде