Vrabotuvanje.com - Австралијка добила милиони на сметка: Фирма за криптовалути по грешка ѝ уплатила 10,5 милиони долари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Австралијка добила милиони на сметка: Фирма за криптовалути по грешка ѝ уплатила 10,5 милиони долари

Компанија за размена на криптовалути случајно префрлила речиси 10,5 милиони долари на една австралијка, но не ја забележала грешката седум месеци, се наведува во правниот документ.

Австралијка добила милиони на сметка: Фирма за криптовалути по грешка ѝ уплатила 10,5 милиони долари

„Cripto.com“ извршил погрешна уплата во мај 2021 година кога требале да уплатат 100 долари, но наместо тоа внеле погрешен број на сметката во полето за износ на плаќање. Така Манивел поради грешка добила 10.474,143 долари од „Cripto.com“.

Компанијата за криптовалути не успеала да ја воочи погрешната уплата сè додека не била спроведена ревизија на компанијата кон крајот на декември,  седум месеци подоцна, според пресудата.

„Cripto.com“ тогаш започнал правна постапка против Манивел и нејзините сестри кои примиле дел од исплата од 10,5 милиони долари, се наведува во пресудата.

Компанијата во февруари добила налог за замрзнување на банкарската сметка на Манивел, но открила дека поголем дел од парите таа ги ставила на други сметки, се наведува во пресудата.

Кон крајот на јануари, Манивел ѝ испратила 430.000 долари на својата ќерка, се наведува во пресудата. Еден месец подоцна Манивел купила куќа вредна 1,35 милиони долари во предградието на Мелбурн, со парите кои ѝ биле по грешка испратени.

„Cripto.com“ се обиделе да ги замрзнат сметките на жената и во март, но тоа било неуспешно, се наведува во пресудата

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде