Vrabotuvanje.com - Во Белгија 55 судии и обвинители доброволно во затвор за да го искусат животот на осудениците
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во Белгија 55 судии и обвинители доброволно во затвор за да го искусат животот на осудениците

Вкупно 55 судии и обвинители доброволци се одведени во затвор во Брисел за да го искусат животот на затворениците на два дена, соопшти белгиското Министерство за правда.

Во Белгија 55 судии и обвинители доброволно во затвор за да го искусат животот на осудениците

Судиите и обвинителите се сместени во новиот затвор Харен, со капацитет од 1.190 затвореници, кој треба да биде отворен на 30 септември. Тие се бидат третирани како вистински затвореници.

„Претставниците на правосудните органи многу добро знаат како стојат работите во затворот, но нивното лично искуство им дава единствена можност што може да им помогне во изрекувањето на казната, бидејќи ќе имаат подобро знаење“, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Тие за време на престојот во затворот ќе мора да ги почитуваат наредбите на персоналот. Не можат да користат мобилни телефони, ниту им се дозволени посети.

Исто така јадат затворска храна и извршуваат секојдневни активности на затворениците, како што се работа во кујна или перална, и си легнуваат во 22 часот кога ќе се изгаснат светлата.

извор: press24.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде