Vrabotuvanje.com - Можно е воведување блокови за плаќање на струја и кај малите потрошувачи
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Можно е воведување блокови за плаќање на струја и кај малите потрошувачи

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) појасни дека засега е многу рано да се зборува за нова цена на струјата после Нова година.

Можно е воведување блокови за плаќање на струја и кај малите потрошувачи

Регулаторната комисија за енергетика од 2019 година не ја определува цената на ЕСМ. Сега прерано е да се зборува за било какви промени на цената на електричната енергија на регулираниот пазар. За да нема зголемување на електричната енергија е потребно да немаме потреба од увоз на струја.

Тоа што сме должни да ја информираме јавноста е дека почнавме првични анализи и можност за воведување на блокови и кај малите потрошувачи, со цел и кај нив да се ублажи ударот од високите цени. Ова ќе се анализира и понатаму и за сите резултати од овие анализи, ќе ја известуваме јавноста, изјавија од РКЕ.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде