Vrabotuvanje.com - Играта Монопол "виновна" за поттикнување семејни караници
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Играта Монопол "виновна" за поттикнување семејни караници

Играта Монопол "виновна" за поттикнување семејни караници

Наместо да претстави идилична слика за среќно поминато семејно време, друштвената игра Monopoly лансираше нова кампања на пазарите во Белгија и Холандија во која одбра да се фокусира на широкиот спектар различни емоции што можат да ги почувствуваат играчите.

Според брендот, кампањата насловена “Fighting is Good” („Карањето е добро“) има за цел да ги акцентира многуте позитивни животни лекции што можат да произлезат од губењето партија Монопол.

Па така, на еден билборд гледеме младо момче кое вреска, заедно со текстот „за да научиме како да се смириме“, додека во друга реклама текстот гласи „за справување со неуспехот“ – под слика на налутено девојче со остар поглед насочен право напред.

„Ниту една друга игра не може да ве фрустрира и иритира како Монопол. Може да се каже дека карањето е нашата најзначанта уникатна продажна понуда“ – истакнува Флор Питерс, бренд менаџер во Monopoly Benelux.

Кампањата е создадена со помош на креативната агенција KesselsKramer, а доаѓа како резултат на истражување според кое 8 од 10 луѓе се караат за време на игра Монопол.

извор: marketing365.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде