Vrabotuvanje.com - Како преку машината за перење алишта да ја намалите сметката за струја?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Како преку машината за перење алишта да ја намалите сметката за струја?

Машината за перење алишта може да биде голем потрошувач на електрична енергија, а за тоа да не сте свесни. Ако сакате да заштедите, прескокнете ја програмата за предперење. Таа е потребна само ако облеката е исклучително валкана, што ретко се случува.

Како преку машината за перење алишта да ја намалите сметката за струја?

Сепак, ако облеката е поприлично валкана, намокрете ја во вода ден пред да ја перете, што е подобро отколку да трошите струја за предперење.

Вриење на превисока температура не е потребно. Од 95 степени можете да намалите на 60. Имено, повеќето алергени угинуваат на температури од 60 степени, па вриењето на повисоки температури не е потребно, а заштедата е и до 50%.

Потоа, перете ја облеката само кога имате доволно за да го наполните барабанот. Немојте да вклучувате полупразна машина бидејќи така сте во загуба.

Ако времето е суво, немојте да користите машина за сушење алишта, туку истите обесете ги на тераса. Сушењето алишта на жица штеди струја, но и ја чува облеката бидејќи сушењето во машина ги оштетува и откинува влакненцата на одредени алишта.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде