Vrabotuvanje.com - Истражување: Сé повеќе германци не сакаат да работат!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Истражување: Сé повеќе германци не сакаат да работат!

Сé повеќе луѓе во Германија не се расположени за работа и одат само затоа што мораат, покажаа резултатите од едно истражување. Речиси половина од вработените, 48 отсто од нив, сакаат да преминат на намалено работно време во договор со работодавачот.

Истражување: Сé повеќе германци не сакаат да работат!

Дури 56 отсто се изјасниле дека се подготвени веднаш да дадат отказ – но не можат бидејќи се принудени да работат од финансиски причини.

Пред пандемијата, во 2019-та година, само 41 процент од испитаниците изјавиле дека ќе престанат да работат доколку имаат доволно пари.

Повеќе од три четвртини од нив рекоа дека го поддржуваат воведувањето на четиридневна работна недела во нивната компанија, но огромното мнозинство со соодветна плата.

Посветеноста на работата опаѓа особено кај младите вработени: 58 ​​отсто од помладите од 25 години велат дека не можат да го замислат животот без работа, во споредба со 69 отсто пред две години.

Очекувањата на вработените се во конфликт со барањата на пазарот на трудот. Според податоците на Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања, во вториот квартал од годинава имало 1,9 милиони слободни работни места, повеќе од кога било од почетокот на истражувањето.

Кадровската состојба во здравствените и згрижувачките установи е тензична, но има многу слободни работни места и во занаетите и во ИТ индустријата.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде