Vrabotuvanje.com - ССМ: Правото на годишен одмор претставува неотуѓиво право на работникот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ССМ: Правото на годишен одмор претставува неотуѓиво право на работникот

ССМ информираат за законските одредби и правата на работниците во однос на годишните одмори. Имено, велат дека годишниот одмор може да се продолжи само со колективен договор, но најмногу до 26 односно 29 работни дена.

ССМ: Правото на годишен одмор претставува неотуѓиво право на работникот

Критериумите врз основа на кои се определува времетраењето на годишниот одмор на работниците се утврдуваат со колективен договор, а меѓу нив спаѓаат: времето поминато во работен однос, условите за работа и други критериуми утврдени со колективен договор.

Како денови на годишен одмор не се пресметуваат празниците, саботите и неделите и слободните денови, отсуствата поради боледување, како и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Правото на годишен одмор претставува неотуѓиво право на работникот. Работникот не може да се откаже од правото на одмор и ништовна е каква било спогодба со која работникот се откажува од правото на годишен одмор - се вели во објавата на ССМ.

извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде