Vrabotuvanje.com - Австриски ресторан воведува специјално мени со повисоки цени за гостите кои работат како доставувачи на енергија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Австриски ресторан воведува специјално мени со повисоки цени за гостите кои работат како доставувачи на енергија

Огромниот раст на цените на струјата и бензинот им предизвикува проблеми на австриските ресторани. Поради тоа, еден сопственик на ресторан во провинцијата Штаjермарк воведе мени за доставувачи на енергија во знак на протест.

Австриски ресторан воведува специјално мени со повисоки цени за гостите кои работат како доставувачи на енергија

Операторите со струја и гас во ресторанот „Хоамат“ во Гросрајфлинг, сопственост на Улрих Матлшвајгер, ќе треба да платат 149 евра за виенска шницла, 54 евра за мешаната салата, 43 евра за супа и 42 евра за палачинка, според тоа посебно мени. Матлшвајгер посочува дека овие цени, секако, не ги засегаат редовните гости, туку се наменети само за доставувачите.

Тој вели дека на ваков протест се одлучил откако за само неколку месеци цените на енергијата за неговиот ресторан ескалирале од 300 на 5.200 евра.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде